Во рамки на стратегијата на асоцијација за неформална едукација на Роми, „Ромска Солза“, за подобрување на условите во образованието на ромските ученици, денес се доделија 59 детски ранци за ученици запишани во прво одделение во учебната 2016/17 година, кои спаѓаат во категорија социјално загрозени семејства. Акцијата се реализираше во соработка со ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп. Акција за доделување на материјали за работа на децата ќе се одржи и на ден 04.10.2016 година каде што во соработка со ЈУ детски градинки “Наша Иднина”, а во рамки на проектот „Инклузија на децата Роми во jавните установи и детските градинки“, ќе се доделат потребни материјали за 30 ромски деца, кој што редовно посетуваат настава во градинка.
дома Регион Образование OOУ “Добре Јованоски”-Прилеп во соработка со “Ромска солза” доделија ранци за социјално...