“Online” јога со Фросина: Променете го стилот на живеење и посветете го вистинското внимание на вашето тело

Јогата е многу повеќе од позиции на телото. Практикувањето јога може да придонесе за подобро ментално и физичко здравје. Во своите рамки оваа дисциплина вклучува физичка и спиритуална пракса, па така делува на сите нивоа од нашето постоење.

Фросина Димоска од Прилеп за прв пат започнала да ја практикува јогата пред две години, а сега ова е нејзин начин на живот и професија. Освен што посветува време на “self development”, Фросина постојано ги едуцира своите следбеници на социјалните мрежи за тоа колку е важно да се посвети внимание на сопственото тело, но и кои се ефектите од вежбањето јога.

– Постојано сум активна и сакам да откривам нови работи , па така сосема спонтано започнав со јогата, а сега еве веќе интензивно вежбам две години.

– Јога започнав да вежбам на “Youtube” каде што и ден денес вежбам со истата инструкторка паралелно со онлајн часовите кои што ги посетувам редовно.

– Средбата беше буквално љубов на прв поглед веднаш знаев дека цел живот ќе вежбам јога. После секој тренинг се чувствувам како нова личност. Јогата ми го дава потребниот мир и спокој, а да не зборувам и за физичките придобивки од истата меѓу кои се флексибилност, сила баланс и слично.

Информациите и условите за да закажете “Online” час со Фросина можете да ги добиете на нејзините профили на Фејсбук и Инстаграм.

Исто така можете да ја добиете и на e-mail: [email protected]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.