Ocмани: Bo xимната голем дел од гpaѓаните не ce cпоменувaaт

Шефот на дипломатијата Бујар Османи демантира дека владините партнери Зоран Заев и Али Ахмети преговараат за промена на химната, грбот и знамето.

– Дека се преговара пишуваат медиуми, а не дека Ахмети вели. И јас можам да демантирам дека Ахмети рекол такво нешто, и тоа е несериозно пренесување на изјава која е за пред 20 години кога се разговарало за знамето, за химната, за грбот. Згора на тоа имаше промена на грбот. Но, нема такви преговори, а очигледно е дека прашањето на химната не е инклузивен елемент во државата, и тоа го чувствувате на спортските натпревари кога се нè спојува, освен химната каде еден голем дел од граѓаните не се гледаат внатре, не се споменуваат. А, ние градиме едно мултиетничко општество за кое сите ни завидуваат – изјави Османи за ТВ21.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.