Ocyденик на 20-годинишна poбиja избегал од прилепскиот затвop додека на пoceта му биле мajка му и coпpyгата

Бегcтвото не е забележано ниту од безбеднocните камepи ниту од затвopcката полициja. Според првичните информации кои денеска треба да бидат потврдени и од надлежните институции, во текот на вчерашниот ден околу пладне затвореникот имал посета од неговата мајка и неговата сопруга, објавува Канал 5.

Во текот на посетата без никој да го забележи избегал од затворот а во посебните простории за средби со најблиските останале само двете жени.

Oткако завршило времето за посета затворските полицајци забележале дека осуденикот го нема.Аламирана е затворската управа и полицијата.

Започната е потрага по затвореникот која на полноќ е прекината а денеска продолжува.Неговата сопруга и неговата мајка веднаш се приведени во полициската станица во Прилеп на информативен разговор.

Според неофицијалните информации вакво бегството не е можно без надворешна а можеби и внатрешна подршка.Тоа ќе треба да го потврди истрагата.

Најавени се и дисциплински мерки против дежурните затворски полицајци кои биле задолжени безбедно да ја реализираат посетата и да го вратат затвореникот во затворениот дел од затворот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.