Владата донесе одлука да се воведе полициски час. Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за зapaзни болecти поради зголемениот број на новозаболени и xocпитализиpaни лица од Koвид -19.
Комисијата за зapaзни болecти предложи полициcкиот час да важи од 22 часот навечер до 05 часот наутро во период од две недели, колку еден епидемиолошки циклус. Мислење на Комисијата е дека оваа рестриктивна мерка ќе даде резултати.
„Владата донесе одлука, се уште трае седницата, но на основа на записникот од главниот Кризен координативен штаб се донесе одлука за воведување на полициски час.
Полицискиот час ќе започне од утре вечер 10 март се до 5 часот на 22 март. Тоа се неполни две седмици, 12 дена. Ќе го следиме целиот овој процес.
Дополнително се донесени ограничувања за задолжителен домашен карантин за наши грашани коишто се враќаат од афричкиот континент.
Деталите од другиот дел на одлуките ќе бидат соопштени на прес-конференција која ќе ја одржи портпаролот на владата.
Стоиме целосно подготвени да се држат седници на влада и навечер и утре преку ден за да носиме соодветни одлуки доколку се јават одредени пречки .
Апелирам максимално почитување на одлуките, важен дел е дека засилени контроли од страна на МВР и инсепкциските служби. Очигледно граѓаните се опуштија. Самиот број на заразени ни алармира дека итно мора да се преземе нешто тоа го правиме веднаш, но ни треба помош од граѓаните.
Очекуваме рестораните строго да ги почитуваат мерките, се со конечна цел да продолжи економски да живее државата.
Младите се најголеми пренесувачи на заразата, некогаш не знаејќи дека се заразени. Полицискиот час ќе влијае во намалување на растот на бројките“, кажа Заев.