Oфицијално: Сите натпревари викендов во Сериа А ќе се играат без публика

Италијанците постигнаа договор да нема прекин на Серија А поради ширењето на кopoнавиpycoт, но мечевите во претстојниот викенд да се играат зад затворени врати за публика.

„Првенството продолжува, но без присуство на гледачи. Ќе се обидеме да не ги запреме спортските активности, меѓутоа мора да мислиме на здравјето и заштитата на навивачите и на спортистите“, изјави италијанскиот министер за спорт, Винченцо Стадафора.

Претходните денови имаше откажувања бна бројни спортски настани во Италија за што и се свика денешниот итен состанок на клубовите со Стадафора, бидејќи е загрозена и регуларноста на првенството.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.