Винсент Компани официјално e нов тренер на германскиот гигант, Баерн Минхен. Информацијата ја потврди самиот клуб, а белгискиот тренер добива договор до 2027 година.
И покрај тоа што не успеа да обезбеди опстанок со Барнли во Премиер лигата, Компани важи за еден од најдобрите тренери на својата генерација и во фудбалскиот свет е ценет како исклучително добар тактичар и мотиватор. Ова за него е прв огромен предизвик во кратката тренерска кариера и ќе има тешка задача да го крене тимот кој минатата сезона не успеа да ја освои титулата во Бундеслигата.
38-годишниот стратег доаѓа на местото на Томас Тухел и би требало да има на располагање околу 180 милиони евра за трансфери, а навивачите на Баерн се надеваат дека управата направила правилен избор и се полни со оптимизам за следната сезона.
Винсент Компани ја заврши играчката кариера во 2020 година, по што го презема тимот на Андерлехт, а од 2022 година беше тренер на англискиот Барнли.