Прочитајте ги клучните фази низ кои поминува машкото срце, пред да го подари на една жена.
Почетна залуденост
Однесување: Неговата моќ лежи во неговата самодоверба и во вештината за убедување, а тој сака да се фали пред вас, за да ве импресионира.
Говор на тело: Ова момче има потреба да ве допира кога ви се извинува. Како што ќе почне да ја губи својата моќ, сè повеќе ќе станува загрижен и вознемирен. Забележете ја неговата нервоза која ќе ја прикаже преку засилена физичка активност, провлекување на раката низ косата или лижење на усните.
Заљубеност
Однесување: Во оваа фаза, тој сака целосно да ви се приближи и да ве вклучи во сите негови активности, без оглед дали станува збор за спортски активности, гледање ТВ-програма или дружење со неговите пријатели. Ќе се откаже од самостојните излегувања, одењето во сала за вежбање или на натпревари, само за да поминува што е можно повеќе време со вас.
Говор на тело: Ве гледа постојано и директно во очи (колку и да сметате дека ова е клише), нежно ве допира, ве гали по главата или ви ја трга косата што ви паѓа во очите.
Потполно предавање
Однесување: Ако сака до крајот на животот да биде со вас, тоа и ќе ви го покаже. Ќе бара ваше мислење за најважните прашања. Ќе дели со вас буквално сè од својот живот.
Говор на тело: Ќе се однесува како ваш одраз во огледало. Ако вие ја наведнете главата на лева страна, тој ќе ја наведне на десна страна. Ако ја ставите раката во џеб и тој ќе го направи истото. Многу е веројатно дека во еден момент и од него ќе извади и прстен и ќе ве запроси.