Oсум работни места во ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп

doctors

Целосен оглас:
ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на 4 (четири) доктори на медицина и 4 (четири) медицински сестри на неопределено време

1.    ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп има потреба за вработување на 4 (четири) доктори на медицина на неопределено време и 4 (четири) медицински сестри на неопределно време.

2.    Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Законот за здравствената заштита:
♦    да е државјанин на РМ,
♦    да е полнолетен,
♦    да има општа здравствена способност и
♦    да не му е изречена правосилна забрана на вршење на професија, дејност или должност.

3.    Покрај со закон утврдени општи услови од точка 2 кандидатите за Доктори на медицина треба да ги исполнуваат следните посебни услови:
♦    завршено високо образование (VII/1) или 240 кредити според ЕКТС – Медицински факултет
♦    положен стручен испит
♦    лиценца за работа
♦    со и без работно искуство.

4.    Неделното работно време изнесува 40 часа. Основна нето плата за Доктор на медицина изнесува 23.570,00 денари.

5.    Покрај со закон утврдени општи услови од точка 2 кандидатите за медицински сестри треба да ги исполнува следните посебни услови:
♦    Средно медицинско образование – медицинска сестра (ССС – IV степен)
♦    Сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење
♦    положен стручен испит
♦    со и без работно искуство

6.    Полно работно време – работа во смени. Основна нето плата за медицинска сестра изнесува 18.500,00 денари.

7.    Во прилог на пријавата кандидатите за Доктори на медицина се должни да ги достават следните документи:
♦    пријава со податоци за контакт
♦    кратка биографија (СV)
♦    Диплома со просечен успех
♦    уверение за државјанство на Република Македонија, оригинал или фотокопија заверена на нотар
♦    лекарско уверение не постаро од 6 месеци, оригинал или фотокопија заверена на нотар
♦    уверение дека не е изречена правосилна забрана на вршење на професија, дејност или должност, оригинал или фотокопија заверена на нотар
♦    уверение за завршен медицински факултет, оригинал или фотокопија заверена на нотар
♦    уверение за положен стручен испит, оригинал или фотокопија заверена на нотар, лиценца за работа, оригинал или фотокопија заверена на нотар, доказ за познавање на странски јазик (англиски, француски или германски).

8.    Во прилог на пријавата кандидатите за медицински сестри се должни да ги достават следните документи:
♦    пријава со податоци за контакт
♦    кратка биографија (СV)
♦    Диплома со просечен успех или уверенија/сведителства за завршено образование од сите години, во оригинал или фотокопија заверена на нотар
♦    уверение за државјанство на Република Македонија, оригинал или фотокопија заверена на нотар
♦    лекарско уверение не постаро од 6 месеци, оригинал или фотокопија заверена на нотар
♦    уверение дека не е изречена правосилна забрана на вршење на професија, дејност или должност, оригинал или фотокопија заверена на нотар
♦    уверение за положен стручен испит, оригинал или фотокопија заверена на нотар.

9.    Рокот за пријавување на јавниот оглас е 5 (пет) дена од денот на објавувањето.

10.    Ненавремената,    нецелосната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување од страна на комисијата за селекција на кандидати.

11.    По извршената селекција на пријавените кандидати за доктори на медицина и медицински сестри кои ги исполнуваат условите согласно јавниот оглас, ќе биде спроведен квалификационен испит согласно член 160 од Законот за здравствената заштита.

12.    Пријавата со целокупната потребна документација и телефон за контакт, да се достават до ЈЗУ Здравствен дом-Прилеп ул. Марксова бб – Прилеп по пошта или во архивата на ЈЗУ Здравствен дом-Прилеп, со назнака за Јавен Оглас.

Извор: Најди Работа




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.