Oружјето за терористите во Сирија доаѓа од балканска држава:За една година извезени огромни количини оружје во Саудиска Арабија!

Саудиска Арабија со својата ултрамодерна воена техника се појави како купувач на Црногорските резерви на непотребна муниција и оружје. Договорите биле направени преку моќен Црногорски брокер со оружје, а самиот договор веќе се дискутира дека е сомнителен бидејќи се поврзува со непочитувањето на санкциите кон Либија.

vojnik_mp5

Од минатиот август, Црногорската одрамбена индустрија (МДИ) извршила извоз на 250 тони муниција и 10.000 анти-тенкоски системи во Саудиска Арабија, која нема историја на купување на коистени Источно-Европски оружја во Советски стил.

Орудието кое е предмет на извоз одговара на она кое минатата година МДИ го откупи од Црногорската армија кое се продаваше како вишок и непотребна резерва.

Износот на трансакцијата е 2.7 милиони евра во оружје и муниција, со што Црна Гора на големо се вклучува во извозот на оружје од Балканот и Источна Европа до Саудиска Арабија и Заливските земји, кое на крајот завршува во рацете на терористите во Сирија, Либија, Ирак, Јордан.

Трговската база на ОН отркива дека во периодот од Август 2015 до Мај 2016 година, во Саудиска Арабија од Црна Гора се извезени 32 тони анти-тенковско орудие и 250 тони муниција, вклучително и муниција за против-воздушна одбрана и минофрлачки гранати.

Поточно, досега се испорачани 10.000 „Зољи“, 56 минофрлачи, 500.000 минофрлачки гранати и друга муниција.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.