Oпштините да аплицираат! Објавен нов јавен повик од Оперативниот план за вработување, можност за вработување на 300 лица

Новиот јавен повик е до општините и е поврзан со мерката 7 – Економија на грижа, подмерка Општинско-корисна работа, со која се предвидува ангажирање на 300 невработени лица за обезбедување на социјални и здравствени услуги на локално ниво.
Заклучно 8 август општините треба да доставаат апликации до Центрите за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, со цел работно да ангажираат невработени лица кои поседуваат соодветен сертификат за давател на соодветната услуга.
Невработените лица ќе бидат работно ангажирани со 40 часови неделно, во период од 18 месеци, каде 6 месеци ќе бидат финансирани од АВРМ, додека 12 месеци од општината, а за нивната работа ќе добијат надомест во висина од 28.000 денари месечно со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Повеќе информации на интернет страната на Агенцијата за вработување (https://av.gov.mk) или во некој од локалните канцеларии на Агенцијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.