Ѓорче Петров, роден на 2 април 1865 година во Варош, Прилеп – загинал на 28 јуни 1921 година во Софија, Бугарија.
Македонскиот професор, публицист, историчар и идеолог на Македонската револуционерна организација, за прв пат после долги години е заборавен од општинските власти во Прилеп и неговото дело за македонската кауза и борба не го заслужи нивното внимание.
Не им текна на локалците да одделат половина час и да положат цвеќе пред неговиот споменик во центарот на градот, веројатно тоа ќе им одземеше време од нивната посветеност да ги пополнат дупките на улиците во Прилеп со тампон и бекатон плочки, или можеби да го исчистат градот од ѓубрето кое го има на секој агол.
Барем да испратеа некој од вториот ешалон директори, па да им го обелеа образот, вака како и за се останато покажаа незаинтересираност и непочитување кон еден од најголемите прилепчани во македонската историја.
Сепак, некој се сети и положи еден букет пред делото на големиот Македонец, па оваа прилика ќе ги пофалиме овие млади дечки: