Соопштение од општина Битола откако цела Македонија им фати сеир за намерната или ненамерната грешка околу украсувањето на градот.
Доброто здравје е најважно за сите нас. Тоа е нашата најголема желба и за деновите кои преостануваат од годината која изминува, но и ЗДРАВЈЕ за деновите кои се пред нас во годините кои доаѓаат.
Денешната техничка грешка на терен, не е решението кое е одобрено од Општина Битола и истото не е визуелниот избор на општината, туку лично гледање на дел од вработените задолжени за новогодишното украсување. Токму поради тоа, извршена е навремена и брза корекција на направениот пропуст.
Сепак, во овие мигови кога истовремено, дел од граѓаните се борат со коронавирусот, а дел се обидуваат нормално да фукционираат и да работат, создавајќи пријатна атмосфера за сите нас, единствената наша, заедничка, најголема желба е ЗДРАВЈЕ во секое семејство.
Декоративните елементи немаат никаква политичка или тенденциозна цел. Нивната функција е единствено да внесат убавина во нашето секојдневие и да ни помогнат што полесно да ја пребродиме оваа нова реалност.
ЗДРАВЈЕ какво што сите посакуваме нека не исполнува, а Битола нека зрачи со светлината која нејзините граѓани ја заслужуваат.