Oколу 4.000 верници вчера на Ѓурѓовден се помолија и прославија во манастирот Св. Георгиј во Пашино Рувци (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

На околу 30 километри од Прилеп, во атарот на селото Пашино Рувци воскликнало божјото здание крстено по Свети Георгиј. Велелепен храм и грандиозни конаци сред поле. Уникатни по својата градба и оргинална идеја за обновување на стариот манастир кој тука мирувал пред четири века.

Славата на манастирот е Ѓурѓовден, ден кога домаќините пречекуваат илјадници гости, а така беше и вчера.

Редица автомобили, долга околу 2 километри пристигнаа до манастирот кој зрачи со својата посебност и убавина.

Според иницијативниот одбор на манастирот, вчера на Ѓурѓовден присутни биле околу 4000 верници кои се помолија за бериќет и здравје, а потоа и заиграа на македонска песна.

За музичката програма се погрижи естрадната фолк ѕвезда Јордан Митев.

Овој свет храм е од огромно значење за целиот регион И е вистинско богатство во цела Пелагонија.

Еве дел од она што се случуваше вчера таму:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.