Oд шатор пред Уставен, директно на црна листа – САД велат дека земал мито

Поранешниот прв вицепремиер во владата на Ковачевски, Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на американската црна листа. Во своето соопштение, американскиот Стејт департмент посочува дека Груби и Беџети биле вмешани во значителна корупција преку примање мито за предмети поврзани со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

-Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а ОФАЦ го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби.

Тоа значи дека на нив и нивните потесни семејства им се забранува влез во САД, додека пак на американските државјани кои имаат и компании им се забранува да соработуваат со нив.

-Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучуваат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок, истакна aмериканската амбасадорка во земјава Агелер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.