Додека европските великани се “тепаат” за него, Немања Матиќ не се грижи за иднината на својата кариера, туку размислува за Врело. Уште еднаш покажа дека во своето родно место е “крал” и дека не заборава од каде се вивна во европскиот фудбалски врв.
Матиќ е на пат да го напушти Челзи, размислува помеѓу понудите на Манчестер Јунајтед, Јувентус, Интер и Арсенал, но многу поважно е што работи надвор од фудбалот.
Одамна е познато дека репрезентативецот на Србија покрај тоа што плени на теренот, тоа го прави и надвор од него.
Високиот фудбалер од средниот ред кога доаѓа во своето родно Врело оди во локалната продавница и ја плаќа целата вересија на локалните жители. Ги одржува тамошните спортски терени, поточно стадионот во Уб “Драган Џаиќ”, со цел некои идни генерации да можат да го остварат својот сон и да заиграат во некој европски великан. Исто така го презел и клубот ФК “Eдинство”, за кој некогаш настапувал.
Сега на ред дојде да стане и ктитор.
Седум децении старата црква во Врело кај Уб ќе светне во нов сјај, благодарејќи на неговото семејство и помошта која ја обезбеди Матиќ. Тој ќе ја финансира реконструкцијата на кулата, уредувањето на фасадата и портите на црквата.
Според неговите зборови, за време на работата ќе се промени и дотраениот поцинкуван лим од покривот, а под него ќе биде променета и дрвената конструкција. Кога ќе биде завршена реконструкцијата, во план е и поставување часовник на кулата.
А/Г/