Oд мали се верни на ПУТИН: Воените кадети со песна му се заколнуваат на верност на рускиот претседател (ВИДЕО)

Пратеничката од руската владеачка партија “Обединете Русија”, Ана Кувичка, објави видео во кое децата од Волгоград со еднтузијазам пеат за подготвеност да се “борат до последната битка” за “вујко Вова”, мислејќи на рускиот претседател Владимир Путин.

Исто така, малите воени кадети ветуваат дека ќе ја задржат својата позиција на Крим, но и дека ќе ја вратат Алјаска од САД (која Русија ја продала во 1867 година за 7,2 милиони долари).

На видеото се наоѓа и споменатата пратеничка Кувичка, која пее заедно со младите кадети, кои имаат помалку од 10 години. Текстот на песната го напишал наводно, таксистот од областа на Москва, Вјачеслав Антонов.

“Ако нас командантот не повика на нашата последна битка, ние сме со вас, вујко Вова”, пеат кадетите во песната.

Во позадина, додека децата пеат во судио, се гледа меморијалниот комплекс во Волгоград, кој ја означува клучната битка за тогашниот Сталинград за време на Втората светска војна.

Текстот на песната говори за тешките дипломатски односи на меѓународната арена, во кои Русија се покажа како непоколеблива и упорно го поддржува својот вектор на движење и покрај притисокот.

Погледнете го видеото:

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.