Oд идеја за време на карантин, до модна ренесанса во Прилеп, а сега вашиот омилен ELLIE со нова ексклузивна понуда

Желбата да се понуди облека со безвременска елеганција, квалитет и препознатлив стил, во денешно време не му успева секому, но тоа не е случај со Елена Велеска, млада девојка од Прилеп која предизвика вистинска модна револуција со нејзиниот ЕLLIE бутик.

Она што за голем број млади луѓе е ризик, за неа беше предизвик. Се’ започна со мало катче во уличките на Старата прилепска чаршија, а денеска ELLIE бутик е препознатлив бренд на градот под Марковите Кули. Го краси посебна енергија, има огромен избор на облека, од секојдневна, до елегантна и модерна за посебни пригоди. Лициран на Булеварот “Гоце Делчев”, веднаш до PEKO SHOES, бутик ЕLLIE е место каде на едно место се спојуваат урбаниот изглед и елеганцијата. Тука има буквално се’ што може да го освои женското срце, па добредојдени се и сите момци кои во било која прилика сакаат нешто да подарат. Од неодамна ELLIE го доби својот втор кат, кој е посебна приказна за сите оние кои се во потрага по уникатна тоалета за престојните прослави, свадбени свечености, матури… Во продолжение разговараме со Елена токму за тоа, проследете го интервјуто и погледнете зошто ЕLLIE е идеално место за шопинг во Прилеп.

Eлена, кажи ни како започна приказната за ЕLLIE и кои цели си ги постави на самиот почеток?

-Приказната започна многу интересно. Од мали нозе посакував да сум исполнета и независна личност. Работев од свои 16 години, како продавач во бутиците низ Прилеп, па во пандемијата, за време на карантинот, дојде и самата бизнис идеjа. На моја 21-годишна возраст одлучив дека ќе направам простор што ќе ја одликува мојата душа. Па така првиот дуќан изнесуваше 12 квадрати, колку мојата детска соба, уреден со љубов и скромност.

Тука започна се’, во уличките на Старата прилепска чаршија

Припадничките на понежниот пол велат дека ELLIE е посебен, дека имате посебна понуда на облека и избор каков не може да се најде на друго место. Од каде доаѓаат моделите и како успевате да го погодите вкусот на толку многу муштерики?

-Уникатноста на нашиот дуќан и избор е тоа што работиме пред се со љубов и страст кон самата работа. Како јас, така и девојките кои се дел од тимот, ја работат работата што ја сакаат. Е сега, моделите се од турско потекло, некои од нив се изработени од врвен турски памук, а некои и од арапски памук. Во секој случај станува збор за прва рака на турски квалитет. Некои модели доаѓаат и од директно производство, конкретно сега на вториот кат. Изработуваме модели во соработка со турска компанија што работи табеларно по мерка, материјал и бои. А за вкусот тоа е најлесно, нашите муштерии знаат што е квалитет и затоа го бираат ELLIE.

Новиот ELLIE бутик лоциран на бул. “Гоце Делчев” веднаш до PEKO

После само неколку месеци успешна работа на новата локација, на располагање на сите оние кои сакаат да изгледаат беспрекроно во секој пригода е и вториот кат на бутикот. Што се’ ново ќе може да се најде во оваа проширена понуда?

-Напорната работа и довербата од муштериите и нивната побарувачка мораше да ја исполнеме. Од нас побараа избор на свечени тоалети и секако уникатни, па одличивме да го направиме тоа. Сега можат да најдат пред се соодветна бројка за секоја градба на тело, во соработка со табела на величини, саемски избор на модели и секако квалитет и уникатност.

Oвој простор има посебен изглед и зрачи со силна енергија. Од каде инспирацијата за еден ваков модерен, би рекле со барокни мотиви изглед на ентериерот?

-Идејата за нашиот совршен и моментално најдобар ентериер ја изградивме заедно, со задоволство ќе го споменам Гаврил Бошкоски, и неговиот тим на gvrl design за долниот кат, додека изгледот на вториот класичен кат беше моја лична замисла. Иизработката е дело на тим на мајстори, кои што неуморно и со кеиф ја реализираа мојата идеја. Идејата за горниот дел беше да има мирен и пријатен дух, налик на едно мало сопствено атеље.

Доаѓа период на прослави, свадбени свечености, матури… Што е тоа посебно што треба да ги натера припадничките на понежниот пол да го посетат вашиот бутик?

-Уникатноста. Дефинитивно подобро е да имаш уникатна тоалета што ќе те направи да си посебна и своја.

Дали примате и онлајн порачки за оние кои не можат да ве посетат во секое време?

-Да зад нас стои тим кој што располага со работа на онлајн услугите низ нашата држава.

Кажни ни кои трендови се ин во моментов, кои бои ќе се преферираат во престојната пролет-лето сезона?

-Пастелните нијани се секогаш во тренд, поточно класиката нема сезона. Класиката претставува еден вечен тренд.

За крај кажи ни дали девојките и жените од Прилеп знаат што е убаво и знаат да бидат во тек со модните текови?

-Стилот и модата напредуваат. Прилеп како помало место има супер стил, најбитно е да им е комотно и пријатно во парчето облека. Тогаш жените и девојките се најубави, и секако тие го бираат ELLIE.

На Елена и посакуваме огромен успех во проширувањето на нејзината бизнис идеја. Ги заслужува сите пофалби од жените, мајките, девојките… ги заслужи и сите пофалби од нас. Нека пораката од оваа успешна реализација на идеја допре до што поголем број млади луѓе. Верувајте во себе, верувајте во вашата умешност, вложете се во исполнување на вашите соништа!

Следете го ELLIE на социјалните мрежи: ФЕЈСБУК и ИНСТАГРАМ и бидете во тек со сите новитети.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.