Почнувајќи од денеска попладне и во вечерните часови најпрвин долж Повардарието, а во текот на ноќта кон понеделник, како и во понеделник, на повеќе места ќе дува засилен ветер од северен правец, што ќе биде најава за спуштање на постуден воздух од север. Локално ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час.
Денеска и во понеделник времето ќе биде претежно облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините ќе провејува слаб снег. Максималните температури на воздухот денеска ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, додека во понеделник истите ќе бидат за 3 до 4 степени пониски од сегашните, и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.
Наутро пак температурите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени. Во вторник ќе имаме намалување на облачноста и времето ќе биде претежно сончево, додека од среда ќе има повремено умерена локална облачност, ветерот ќе ја намали својата брзина и ќе биде претежно тивко со што по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла.