Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за нови цени на горивата, кои започнуваат да важат од ноќеска на полноќ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,00 денар.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 71,00 ден/лит, а ЕУРОДИЗЕЛОТ за 63,00 ден/лит. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 52,50 денари за литар.