Прилеп уште еднаш докажа дека е вистински расадник на млади таленти кога пинг-понгот е во прашање.
На државните првенства за помлади категории кои се одржаа викендов во Берово, прилепчани забележаа извонредни резултати.
Мартин Ристески од ППК “Младост 96” е нов државен првак во категорија до 13 години, а покрај тоа ова младо момче се закити со уште четири други медали, и тоа:
-прво место во двојки до 13 години
-прво место во двојки до 15 години (кадети)
-трето место поединечно до 15 години
-трето место во микс двојки до 15 години
Еден импресивен скор на кој може да позавидат дури и повозрасните играчи.
Покрај Ристески, на турнирите во Берово одлични беа и Давид Јоноски, Трајче Маркоски и Огнен Илиески.
Јоноски во категорија на кадети до 15 години го освои третото место поединечно и третото место во двојки заедно со Трајче Маркоски.
Трајче Маркоски пак покрај бронзата заедно со Јоноски, се закиити и со бронзен медал во категорија до 13 години поединечно, како и прво место во двојки заедно со Мартин Ристески во истата категорија.
Огнен Илиески во категорија кадети до 13 години успеа да влезе во четврт-финале, но загуби од државниот првак Мартин Ристески, додека пак во категорија кадети до 15 години не ја помина групната фаза.
Честитки за сите!