Oдлични резултати за девојките од “7-ми Мај” Прилеп на изборното државно првенство до 15 години

Вчера во Кочани се одржа изборното државно првенство во борење до 15години, на кое учество зеде и прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај”.

Нашите млади борачи освоија две први места, 1 второ и 3 трети места во женска конкуренција.

Ангела Трајкоска беше прва во категорија до 42кг, Тамара Цветкоска освои прво место во категорија до 58кг, Анабела Стојаноска заврши втора во категорија до 50кг, а трети места освоија Викторија Стојаноска, Јована Мидоска и Ана Марија Мицкоска.

Во севкупен пласман, прилепскиот клуб “7-ми Мај” го освои второто место во женска конкуренција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.