Oдлична вест од ФФМ за двата прилепски второлигаши

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја укина котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига.

– За прв пат после речиси 15 години, второлигашките клубови немаат обврска да плаќаат котизација за учество во првенството. Оваа одлука, донесена по иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претставува значаен чекор напред кон создавање подобри услови за работа на клубовите, финансиско олеснување и унапредување на натпреварувањето. Вкупната финансиска сума од која се ослободуваат клубовите со оваа мерка изнесува 128.000 евра за една натпреварувачка сезона, што претставува директна поддршка и зајакнување на нивната стабилност, соопшти ФФМ.

Во однос на испразнетото место со истапувањето од лигата на Беса, ФФМ донесе одлука Преспа да биде вклучена во натпреварувањето и на тој начин, да се гарантира заштитата на интегритетот, континуитетот и натпреварувачката рамнотежа, како и доследното почитување на фер-плеј принципите во Втората македонска фудбалска лига.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.