Дваесет и шестгодишен жител на Виница ја претепал, ја силувал неговата 20-годишна невенчана сопруга и силувањето го снимал, информираа од министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, на 16.05.2023, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода Т.А.(26) од Виница затоа што во семејниот дом во Виница, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал неговата невенчана 20 – годишна сопруга, ја силувал, при што направил снимка со експлицитна содржина, соопшти СВР Штип.
За случајот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.