Oвој уред никако не смеете да го вклучувате во продолжен кабел, а во зима често тоа го правите

Она на што сите предупредуваат овие денови е правилно користење со грејни тела, затоа што голем е процентот на пожари кои избиваат токму поради погрешна употреба на овие апарати.

Греалките се втор по ред причинител на пожари, а поради тоа што голем број луѓе ги загреваат просториите со помош на истите, не е лошо да обрнете внимание на следното:

Кога греалките неправилно се користат лесно може да станат најлош ноќен кошмар за пожарникарите. Експертите велат дека кога греалките се причина за пожарот најчесто до тоа доаѓа поради употребата на продолжен кабел во кој тие се приклучуваат. Секој продолжен кабел не е способен да поддржи секаква волтажа и јачина на апарат, кога тие се приклучуваат истовремено.

Доколку без надзор оставите приклучена греалка во продолжен кабел, може да се случи вистинска катастрофа. Пред да ја приклучите греалката следниот пат имајте го на ум следното:

1.никогаш не ја оставајте греалката приклучена без надзор

2.немојте да спиете со приклучена греалка

3.греалката да биде оддалечена од мебел, облека или завеси, и тоа најмалку еден метар

Наместо да користите опасни начини на затоплување на домот, посветете малку внимание на спречувањето на губењето енергија од вашиот дом. Купете траки за прозорите и вратите или некои штитници кои ја задржуваат топлината внатре и спречете го дувањето од под вратите. Користете фолија за пакување со меурчиња која ќе ја ставите на вашите прозорци со цел да спречите ладење на просториите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.