Oвие 18 држави сеуште немаат забележано ниту еден заразен од корона вирус

Според податоците на американскиот Универзитет “Џон Хопкинс”, до денеска 18 земји успеале да го избегнат вирусот Ковид-19.

Тоа се: Koмори, Кирибати, Лесото, Маршалските Острови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сао Томе и Принсипе, Соломонските Острови, Јужен Судан, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу, Вануату и Јемен.

Поедини експерти се согласни дека веројатно некои земји не ги прикажуваат заболените од корона вирус, а сепак ги имаат, пренесува Б-92.

Северна Кореја на пример нема пријави за заразени, а во Јемен има војна. Меѓутоа, земјите во кои вирусот сеуште не стигнал се мали островски држави со многу мал број на посетители во текот на годината.

Според податоците на ОН, седум од 10 најмалку посетени држави во светот немаат забележано заболени од Ковид-19.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.