Oвде е многу полошо и од БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК: Луѓето и авионите исчезнуваат на мистериозен начин (ВИДЕО+ФОТО)

Алјаска, 49-та сојузна држава на САД, по многу нешта е интересна, но и застрашувачка. Не е позната само по студот и сувиот терен, туку и по мистериозен феномен.

Всушност, поради големиот број мистериозни исчезнувања на луѓе и авиони, областа од Џун до Енкориџ е наречена “Триаголна Алјаска”.

Првиот несреќен случај бил во 1950 година, кога авион со 44 патници кој летал од Алјаска до Тексас исчезнал. Ниту траги, а ниту тела никогаш не биле пронајдени. Деве децении подоцна, додека ја прелетувал Алјаска, исчезнал демократскиот конгресмен Хејл Богс. Иако била покрената голема потрага, ниту малиот авион, ниту четворицата патници, никогаш не се пронајдени.

Низ годините се појавиле безброј теории на завери кои се обидувале да објаснат што се случува во оваа област.

Се смета дека од 1988 години исчезнале околу 16.000 луѓе, туристи, но и локално население. Племето Тлингит верува дека ова подрачје го имаат запоседнато лоши духови кои ги заробуваат оние кои се загубиле во дивината.

Покрај тоа, “Канал 13” од Енкориџ во 1992 година објавил извештај на научници кои спроведувале експерименти преки сеизмички снимања, при што откриле димензии на порамидална структура на околу 80 километри од планината Денали.

Две децении подоцна, војник кој сега е во пензија, ги контактирал НЛО истражувачите и новинарката Линда Молтон Хеј со податоци за наводен пронајдок.

Тврдел дека на Алјаска постои пирамида која е изградена пред илјадници години со цел да ја искористи природната сила на планетата. Како што новинарката ја ширела приказната во јавноста, се појавувале се повеќе луѓе кои биле вклучени или поврзани со некој кој бил вклучен во истражувањето на “црната пирамида”.

Брус Л. Пирсон тврдел дека таа градба не е направена од човек и дека се користи како тајна база за проучување на искористувањето на моќта. Еден анонимен сведок тврдел дека неговиот татко работел на “мрачната пирамида” и помогнал во поставувањето на “силен електричен систем” во внатрешноста на древната структура.

Некои теоретичари пак сметаат дека оваа географска област лежи на екстремни електромагнетни струи, налик на Бермудскиот триаголник, но и египетските пирамиди.

Овие места со себе носат многу прашања, на кои ниту денес нема целосни и јасни одговори.

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.