Oва се тpите бapaња кои BMPO-ДПMHE на вечepaшниот пpoтecт ги yпати до Bладата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи на денешниот протест против поскапувањето на електричната енергија, упати три барања до Владата, за кои рече дека треба да одговорат во наредните денови.

Имате неколку дена да седнете да ги разгледате, а потоа да ги исполните, порача Мицкоски од пред насобраната толпа.

Прво барање – враќање на старата цена на електричната енергија. Наместо да му овозможувате вонреден профит на универзалниот снабдувач намалете го процентот.

Второ барање – неделен викенд без ДДВ во септември како што беше ветено пред изборите.

Tрето барање – професионализација на регулаторната комисија за енергетика со надпартиски кадри“, посочи Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека кога неправдата станува закон во нашата држава, тогаш протестот, пркосот е наша обврска.

Мафија или Македонија, изборот е јасен! Македонија!, порача Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.