Oва се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ја бараат поддршката за кандидат за претседател

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, преку прес-конференција ги претстави кандидатите кои поднеле кандидатура за претседател на државата.

Поддршката од делегатите на Конвенцијата која е закажана за 16 февруари во Струга, ќе ја бараат: Влатко Ѓорчев пратеник во Собранието, Никита Шекутковски доктор по математички науки, Ѓорѓи Манасков машински инженер и претседател на Стопанската комора за енергетика, Васко Костов фармацевски техничар, Гордана Силјановска Давчева професор на Правниот факултет во Скопје, Илија Димовски професор во пензија на Шумарски факултет, Филип Петровски, Горан Ангелов пратеник и поранешен градоначалник на Виница и Сашо Кутлешовски доктор по земјоделски науки.

ВИДЕО: “Прессинг ТВ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.