Островот Серифос, во пресрет на 31 мај “Светскиот ден во борба против пушењето”, донесе одлука дека на плажата Ваја која се наоѓа на овој остров нема повеќе да биде дозволено пушење, а тоа ја прави прва таква плажа во цела Грција.
Одлуката е донесена и во склад со програмата за заштита на животната средина “SeaChange Greek Islands” која ја организираат 10 острови од островскиот венец Киклади.
За време на чистењето во последната деценија се покажало дека најголемиот број од отпадоците се отпушоци, а ситуацијата била најлоша токму на овој остров.