На аукција во Шкотска оваа недела, овцата „Двоен дијамант“ (Double Diamond) се продаде за 490.000 долари со што станаа најскапата овца во светот.
Јагнето, наречено Двоен дијамант, предизвика интерес на аукцијата на Tексел овци во шкотскиот град Ланарк, пишува СиЕнЕн, повикувајќи се на изјава на Овчарското друштво – Тексел, особено ценета раса со потекло од Холандија.
Првично беа понудени околу 13.000 американски долари, за на крајот три фарми се согласија да го споделат вредното јагне меѓу себе.
-Тоа е како и секоја друга работа – коњска трка или бизнис со говеда, изјави за Гардијан Џеф Ајкен, еден од новите сопственици на овцата. Синоќа се појави „многу посебна овца тексел, изјави тој и додаде дека сите сакале да ја имаат.
Јагнето Двоен Дијамант го сруши претходниот рекорд поставен во 2009 година кога обца е продадена за нешто повеќе од 307 илјади долари.