Дури и туристите можат да влезат внатре, но на своја одговорност
Сместен во срцето на планинскиот град Ла Плаза во Боливија, на висина од 3.000 метри во Андите, се наоѓа затворот Сан Педро, најчудниот затвор на светот.
Не само што е најголем затвор во Боливија, кој е дом на повеќе од 2.500 затвореници, туку тој збор “дом” во овој случај има свое вистинско, изворно значење. Сан Педро затворот е чуван само од надвор, додека во неговата внатрешност воопшто нема чувари. Единствената обврска на чуварите е никој да не побегне, а додека се внатре, затворениците се оставени сами да се грижат за себе.
За да дојдат баш во овој затвор, затворениците мораат да платат влезница, а потоа да купат своја ќелија од “затворскиот градоначалник” или од некој од затворските агенти за недвижности.
Во внатрешноста затворениците воспоставиле свое сопствено функционално општество со управувачки систем. Тие дури организираат и избори кога избираат свои 8 официјални претставници, по еден во секој сектор во затворот.
Многумина од затворениците во Сан Педро живет заедно со своите жени и деца.
Toкму децата се најранливите жители во затворот и под постојана закана од силувачи и педофили, но тука постои нулта толеранција за таквите прекршители, кои што направат такво дело ги убиваат со давење во мал базен во центарот на затворот.
Ф/Г/