Светската туристичка организација (WTO) објави дека водечка туристичка дестинација на светот во овој момент е Франција.
Како што пишува порталот “Seebiz”, Франција минатата година “привлекла” 86,9 милиони патници од странство.
Зад неа е Шпанија со 81,8 и САД со 75,9 милиони.
Потоа следуваат: Кина со 60,7 милиони и Италија со 58,3 милиони патници.
Кога се во прашање континентите, на прво место е Европа со 671 милиони доаѓања, односно 51% од вкупните патувања во странство.
На азиско-пацифичкиот регион отпаѓаат 24%, додека на Северна и Јужна Америка и припаѓаат 16% од вкупните светски пристигнувања.
Се на се, WTO изброила 1,32 милијарди меѓународни туристички патувања минатата година.
Критериум за мерење е најмалку едно ноќевање во некоја земја.