Oва е најмладата премиерка во светот, а ќе предводи една од скандинавските држави (ФОТО)

Поранешната министерка за транспорт е најмладата премиерка и трета жена која е избрана на оваа функција во Финска.

34-годишната Сана Марин е најмладата премиерка во светот откако кон крајот на оваа недела даде заклетва пред парламентот и застана на чело на коалицијата од четири политички партии кои сите до една се предводени од жени.

Марин ја презема функцијата од Анти Рине, кој даде оставка после само 6 месеци поминати на чело на функцијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.