Oва е најголемиот приватен бункер во светот во кој може да се преживее и крајот на светот: Внатрешноста е нешто посебно (ФОТО+ВИДЕО)

На местото каде некогаш се наоѓал најголемиот воен бункер во срцето на Чешка, изградено е најголемото и најлуксузно приватно засолниште на светот.

Супер бункерот “Opidum” е со големина од преку 7000 квадратни метри.

Направен е своите станари да ги сочува од крај на светот или нуклеарна војна.

Бункерот е, помеѓу останатото, опремен со хелиодром, луксузни подземни простории, како и тајни ходници кои го поврзуваат со зградите на површината.

Местото е стратешки избрани во централна Европа, во близина на Прага, а до бункерот од Лондон или Москва може да се дојде за помалку од 2 часа.

Бункерот од надвор делува потполно незабележително, но затоа под земјата може да се види импресивно здание, налик на подземна палата.

Опидум има подземна градинка, но и приватни трезори во кои можат да се чуваат скапоцености.

Кога е во прашање безбедноста, истиот е опремен со технологија на отисоци од прстите, систем на препознавање на зеницата од окото и најсовремен видео надзор.

Поранешниот шеф на чешката тајна служба и експерт за безбедност, Андор Сандор вели: “Бункерот е единствен по тоа што ги обединува најсовремените безбедносни системи со луксузот и удобноста. Ова е најголемиот таков објект на светот за кој се знае”.

Издрадбата на бункерот започнала во 1984 година, како заеднички проект на владата на тогашна Чехословачка и Советскиот Сојуз.

Тимот кои стои зад него вели дека во развојот на објектот се вложени огромни ресурси, затоа што е граден во време на затегнати односи во светот и дека такво нешто денеска не би можело да се повтори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.