Oваа среда во Градската библиотека во Прилеп – Изложба и промоција на книгата “Талкање низ емоции и држави”

Оваа книга е плод на заедничката соработка на македонските со странски автори, која почна на иницијатива на Марилена Стреи-Бианки. Делото е продолжение на веќе објавена двојзична (македонско-англиска) збирка со наслов „Емоции“.

Уметниците од нашата земја и Италија работејќи заедно на ова дело, го претствуваат својот внатрешен, но и надворешен свет, опкружувањето. Секој уметник се отвора кон културата и чувствата за другите, создавајќи мост за уметничко изразување и чувства. Книгата е важен израз на континуиран дијалог во духот на слободата и разбирањето.

Во оваа збирка, свои песни и раскази објавуваат: Андриана Ристеска, Апостолос Константакакис, Беатриче Бресан, Габриела Станоеска Стојаноска, Игор Трпчески, Марилена Стрeит-Бианки, Петре Петрески и Сузана Ѓорѓиевска.

Автори на илустрациите се: Василка Фимков, Дарко Талески и Методија Јорданоски.

Корицата на книгата е фотографија на дело од 2015 од академскиот сликар Кирил Гегоски.

Ако доволно ве заинтригиравме, повелете во библиотеката во среда, 03.09.2025, со почеток од 18:30 часот, да продолжиме заедно, градејќи мостови, рушејќи бариери и создавајќи нови хоризонти и на слободата и уметноста.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.