Длабоко во Хималаите, на границата помеѓу Кина и Индија, се наоѓа најмалата држава во Азија, Бутан.
Главната цел на малото кралство Бутан е среќата на нејзиното население, нешто што е запишано и во членот 9 во уставот на државата.
Поради ова, за време на пописот во, секој жител бил прашан “Дали сте среќни?”.
Tимбу е главниот град на Бутан.
Квалитетот на живот се мери со терминот “Бруто национално задоволство”, како алтернатива за традиционалниот термин “Бруто домашен производ”. Зарем не е убаво? Нема глад, криминал и војна во Бутан.
Жителите на Бутан се многу отворени луѓе, нерасипани од модерниот свет и многу грижливо ја негуваат својата култура.
Во Јужна Азија, Бутан е исто така познат како земја на Змејот гром, рангирана е на прво место во економски слободи, лесно се води бизнис и постои мир.
Земјата е исто така најмалку корумпирана земја заклучно со 2016 година.
Како и да е, Бутан и понатаму е најмалку развиена земја, но се чини тоа не му смета на населението. Во последниот попис во 2015 година, 35% од луѓето се изјасниле дека се “екстремно среќни”, 47,9% рекле дека се “средно среќни” и само 8,8% изјавиле дека се “несреќни”.
Уште една интересна работа е што во оваа држава телевизија за прв пат била емитувана во 1999 година, дотогаш истата била забранета, а интернетот пристигнал во 2000 година, како подарок од кралот.