Силен ветер одненадеж го „оддува“ Скопје и крена голем облак прашина над главниот град, откако ненајавена виулица ги изненади жителите на главниот град
Во моментот над Скопје се надвиснати темни облаци, а поради ветрот од главниот град е задушен во прашина.
За денес не е најавено невреме.
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од паднати дрвја низ Скопје.
Од УХМР информираат дека силен ветер од северен правец ќе дува до крајот на денот. На моменти ќе надмине и над 95 километри на час.
Ветерот ќе продолжи да дува и во текот на утрешниот ден, но со посмален интензитет. Врнежи од дожд, како што информираат од УХМР, нема да има.
Во моментов Скопје е енормно загадено, како што покажуваат мерните станици за квалитетот на воздухот кај Ректорат и во Центар, загаденоста изнесува повеќе од 600 микрограми на метар кубен ПМ-10 честички.
Најголема загаденост покажува мерната станица на рекотрат каде има 684 Пм-10 честички, во Центар има 663, во Бутел 281, во Карпош 182. Висока загаденост има и во другите градови како што е Куманово каде нивото 330 ПМ-10 честички и Тетово каде што е 200.