Основното јавно обвинителство (ОЈО) од Битола поднесе обвинение против Пеце Милевски, поранешниот директор на битолското Јавно претпријатие „Водовод“, а сегашен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за злоупотреба на службената положба.
Обвиненитето е поднесено до надлежниот суд за периодот кога тој бил в. д. директор на претпријатието, за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.