Тешка сообраќајна несреќа се случи пред околу еден час на патниот правец Градско-Прилеп, на Плетвар, при што еден од возачите го загуби животот.
Според информациите од полицијата во сообраќајката учествувале две возила, „аскона“ без регистерски таблички, управувано од возач чиј идентитет се уште не е утврден и „пежо 307“ управувано од 30-годишниот Ј.К. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на „аскона“, поради што починал на лице место.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам