Синоќа во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата „Микроманипулации“ од уметникот Владимир Здравески.
Ова е прва самостојна изложба на Здравески, кој нуди девет дела кои се последица на истражување на микроскопски записи од разни органи и други ситуации кои се дел oд микросветот.
Владимир Здравески за изложбата
Причината за создавањето на делаta е предизвикот да извлечам некаква микроситуација од микро во макропростор. Навлегувањето навнатре (се мисли на микросветот) и континуираното ширење ми ја изместија перцепцијата за тоа што е големо и мало, далеку и блиску, микро и макро, сето тоа заедно како еден флуид кој непрекинува. Секој составен дел од тој свет има своја посебна намена и улога значајна за себе и за целината од која е дел. Исто така секој дел е понесен од некаква енергија за да ја врши таа функција, а истата таa eнергија е и нашата движечка сила. Па, така, во мојот случај решив дa бидам таа енергија и дел oд тие микроситуации да ги зголемам за да бидат видливи за човечкото око.
Изложбата ја отвори поетот Филип Димкоски кој посочи дека целосниот концепт на изложбата е издржан од повеќе аспекти и тоа користените материјали за создавањето на делата, формата и боите.
-Сите заедно јасно ни ја даваата втората порака што зборува дека уметникот осознал и јасно го прикажува осознаеното без да не става на мисловно и емотивно распаќе. Влакненцата на јутата, конопот и хартијата префинето ја претставуваат идејата. Како форма преовладува кругот-создател на целината, симбол на совршенството, како што впрочем пее и Петре М. Андреевски „Тркалезно е и семето што го засејуваш во нивата“ (од песната Тркалезни форми). Тркалезното семе го раѓа тркалезниот леб кој го храни тркалезниот свет. Боите пак, и во ѕиднитеобјекти и во фотографиите се складни и во контекст на она што се сака да се каже, а веројатно секој восприемач и низ боите и низ делата во целост ќе се препознае, ќе се запраша, ќе се дооткрие и ќе го збогати делото со уште едно ново видување, чувствување и размислување –посочи Димкоски.
Здравески е член на ДЛУМ. Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и во странство, а минатата година ја доби наградата „Борко Лазески“ за инвентивни достигнувања во областа на сликарството, од Факултет за ликовни уметности, Скопјe.