Фондот за здравствено осигурување на Македонија – подрачна служба Прилеп, објави огласи за вработување на 5 лица.
Според огласот објавен на веб страната на Агенцијата за вработување, се бараат: еден Помлад соработник, две лица за работно место Самостоен стручен соработник, еден Инженер на систем и еден Книговодител.
Основната плата за Помлад соработник, Самостоен стручен соработник и Инженер на систем изнесува 22,431 денари, а за книговодител 17,383 денари.
Огласите се активни до 29.11.2018 година.
АПЛИЦИРАЈТЕ!