Не стивнуваат огласите за вработување во јавните институции во Прилеп.
На веб страната на Агенцијата за вработување објавени се повеќе огласи за вработување во основното општинско училиште “Добре Јованоски” и детските градинки “Наша иднина”.
Во ООУ “Добре Јованоски” се бараат еден одделенски наставник, благајник, и економ.
Огласите се објавени денеска и се активни до 17.04.2018 година. Платата за работното место одделенски наставник изнесува 20.600 денари, за благајник 15.900, а за економ 14.900 денари.
Нови огласи за вработување отворени се и во ЈОУДГ “Наша иднина”.
Oтворени се работни позиции за четири негователки за деца, еден мијач на садови, еден чувар и еден хигиеничар.
И овие огласи се активни до 17.04.2018 година. Платата за чувар, мијач на садови и хигиеничар изнесува 12.000 денари, платата за воспитувач е 19.574 денари, а за негователи 14.772 денари.