Oд СДСМ велат дека го заштитиле стандардот на граѓаните и спречиле раст на цените (Видео)

Вo услови на светска економска криза која ја погоди и македонската економија, Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки кои го штитат стандардот на граѓаните и обезбедуваат помош за компаниите – вели Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ.

„Минималната плата порасна на историски највисоки 18.000 денари, што е за двојно повеќе отколку пред четири години.
Денес, две минимални плати се доволни да се покрие синдикалната потрошувачка кошнчка која за март изнесува 36.768 денари. Пред неколку години за да се покрие минималната кошничка беа потребни над четири минимални плати.

Синдикалната потрошувачка кошничка за месец март е зголемена за околу 1.000 денари, но ова разлика сега со покрива со дополнителните 1.000 денари помош за следниве три месеци кои ја добиваат околу 330.000 пензионери и околу 35.000 семејства со ниски примања.

Покрај минималната плата, растат и платите во сите сектори. Во овие четири и пол години платите во образованието пораснаа за 20 отсто, во здравството, лекарите добиваат од 23 до 40 отсто повисоки плати, вработените во градинките сега добиваат плати повисоки за 21 отсто отколку пред четири години, пораснаа и платите во одбраната, полицијата, културата и јавната администрација.

Со растот на минималната плата ќе следува усогласување на сите плати, согласно рокот предвиден во Законот за минимална плата.

Мерките што ги презема Владата предводена од СДСМ придонесуваат за пониски трошоци на домаќинствата.

Благодарение на брзите и ефикасни мерки сметките на граѓаните се намалени за 4.000 денари месечно.

Со намалувањето на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0%, од април до јуни, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари месечно.

Најголема заштеда има во однос на сметките за електричната енергија. Доколку Владата не ја субвенционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво.

Секој месец семејствата во просек заштедуваат околу 300 денари преку намалувањето на стапката на ДДВ од 18% на 10% за горивата.

Сето ова значи пониски трошоци и повеќе пари во семејните буџети за полесно справување со негативните последици од кризата.

СДСМ, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи будно ја следи состојбата со економската криза и е подготвена да реагира со нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните.“ – вели Николовска




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.