Oдлични резултати на ППК “Младост 96” на вториот бодовен “Телеком” турнир

Во Прилеп под покровителство на ППФМ и ППК Младост96 како технички организатор, во спортската сала на СОУ” Ѓорче Петров”, во неделата се одржа вториот бодовен “Телеком” турнир за сениори и сениорки. На турнирот учество зедоа 9 клубови од државава, а пингпонгарите на Младост96 постигнаа одлични резултати.

Петар Костовски беше највисоко пласиран, и тоа одигра финале со новиот Државен првак на Македонија Кристијан Станојковски од Вардар. Во финалето Станојковски подобар од членот на Младост96, Костовски со резултат 4-1.

Во полуфиналето Костовски беше подобар од Младеновски од Шампиони ФА со 4-2.

Другите играчи на Младост96 одиграа солидно и Стомнароски го освои 5 место додека Рикалоски го освои 10 место.

Играше уште и Марио Апостолоски.Кај жените прва беше Ана Стојановска од Крива Паланка втора Бојана МИхајловска и трета Ана Марија Димитрова и двете од Скопје.

Ова беше трет бодовен турнир во сениорска конкуренција, останува уште еден бодовен за конечната Ранг листа, и тоа Топ 12, на кој стекнато право од претходните турнири имаат тројцата пингпонгари на Младост96 Костовски Рикалоски и Стомнароски.

Наредниот викенд ќе се одржи Сениорското У21 Државно првенство во сабота ,и лига натпреварите во Супер лигата каде пингпонгарите Младост96 ќе играат со Шампиони ФА и со Рисови. Убава можност љубителите на пингпонгот да ги проследат овие натпреварувања, бидеќи голема е веројатноста и двата да се одржат во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.