Oдлични резултати за пингпонгарите од прилепскиот клуб Младост 96 на Државното првенство за сениори (ФОТО)

Изминатиот викенд (25-26 март), се одржа најпрестижниот турнир во пинг понг во Македонија, Државното првенство за сениори и сениорки во категорија поединечно, двојки и мешани двојки.

Првенството се одржа во СЦ “Борис Трајковски”, a учество зедоа околу 80 натпреварувачи од клубови од целата држава, меѓу нив и ППК Младост96 oд Прилеп.

Поранешниот играч на Младост96 Кристијан Станојковски, кој сега игра за ППК Крива Паланка, по 12-ти пат стана Државен првак на Македонија. Тој во финалето го победи играчот на Младост Ѓоко Јочкоски со резултат 4-1.

Играчот на Младост96 Петар Костовски, го освои третото место. Тој загуби во полуфиналето токму од Станојковски со 4-1 во сетови.

Во женска конкуренција Софија Хасану го загуби финалето од Амелија Николов Уце со резултат 4-0.

Во игра на двојки Стомнароски-Калески го освоија сребрениот медал, односно во финалето загубија од парот Богатинов-Л.Стојчев, со резултат 3-1.

Во женски парови Хасану-Маркоска – вицешампиони, додека Васе Богoеска и Ризоска го освоија третото место.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.