Oдлична атмосфера повторно на “Могила”: Победа забележа ново реми (ГАЛЕРИЈА)

BeFunky Collage

Во натпревар од 26-тото коло на Првата лига попладнево на стадионот на “Могила”, фудбалерите на Победа повторно одиграа нерешено-без голови со фаворизираниот Работнички.

Ова е четврто последователно реми на избраниците на Зоран Штерјовски, а трет натпревар по ред во кој резултатот е 0-0.

Oва беше меч без шанси, во кој прилепчани тргнаа поагресивно креирајќи неколку полуприлики во казнениот простор на Шишковски преку Шаркоски и Цветановски, но без посериозна закана по неговиот гол.

На спротивната страна најубавата прилика на натпреварот ја имаа гостите во 25-тата минута, кога Дурански ја погоди пречката. Во последните моменти од средбата Мустафов силно шутираше од 18 метри и кога многумина се понадеваа дека тоа ќе биде радост, но гол топката заврши во главата на еден од одбранбените фудбалери на Работнички.

Во следното 27-мо коло(последно од 3-тиот круг) во сабота на 15-ти април Победа ќе и гостува на Ренова во Тетово.

[Best_Wordpress_Gallery id=”487″ gal_title=”PobedaRabotnicki”]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.