Шведска ги објави на оглас сите свои села на интернет платформата за пронаоѓање сместување “Airbnb”, рекламирајќи се како земја во која секој може да дојде да пешачи, кампува, планинари и собира плодови, целосно бесплатно.
Шведска, Данска, Финска и останатите нордиски земји имаат правило наречено “allemansrätten”, односно “право на секоја човек”, кое подразбира да секој може да дојде целосно слободно и бесплатно лута низ природата и селските предели на земјата, независно од тоа дали се работи за земја во јавна или приватна сопственост.
-Можете да берете плодови и да шетате било каде, се додека не приоѓате во близина на куќите oд мештаните и не ги вознемирувате животните во полето кои мирно пасат, вели Џени Каисер од агенцијата “Visit Sweden”.
Шведска не морала да плати за ова огласување, а Каисер смета дека овој оглас ќе привлече многу корисници на “Аirbnb”.
A.Г.