Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ веќе подолго време е на специјална исxрана. За неа многу се зборува, но Ноле вели дека тоа за него е начин на живот опишан и во неговата книга „Сервирај за победа“.
Исхраната му ја одреди нутриционистот Игор Четојевиќ, откако утврди дека тој е нетолерантен на глутен.
Ова се правилата до кои се придржува Ноле.
Без глутен и млечни производи
Шеќер на минимум
Многу зеленчук, грав, риба, јаткасти плодови
Без црвено месо
Храната добро да се џвака
Чаша млака вода штом се разбуди