Oва слатко детенце од прилепско ја обедини цела Македонија – Донирајте да се изгради нов дом за Александар

Приказната за социјалното семејство од село Долгаец во општина Долнени ја обедини цела Македонија.

Малиот Александар и неговите родители живеат во страшни услови, а добрината на луѓето ја врати надежта во нивните срца.

Отец Оливер Петровски кој ја предводи Хуманитарната организација “Свети Спас” во Скопската православна епархија, објави дека повторно го посетиле семејството и им ги однеле донациите кои ги собрале.

Тој потсетува дека главната цел е да се изгради топол и безбеден дом за Александар и неговите мајка и татко, за што недостасуваат уште многу средства.

Малиот Александар заслужува да живее здраво и среќно детство, па на потег се сите хумани граѓани кои се во можност да донираат.

Жиро сметката на таткото на Александар е
300027023021389 комерцијална банка Јован Ристески.

ДОНИРАЈТЕ!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.